15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Да се укине носење маски во затворен простор освен автобуси и болници

Најчитани вести

Да се укине мерката за задолжително носење маски во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести. Оваа препорака не важи само за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз. На сите останати затворени места и објекти граѓаните нема да мора да носат маски, освен ако тоа не е нивна желба.

„Моменталната епидемиолошка состојба ни овозможува да препорачаме олабавување на мерките. Препорачуваме да се укине задолжително носење маски во затворен простор. Иако обврската се укинува, сепак алелираме постарите и хронично болните да носат маски кога одат во затворени објекти“, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Исто така, на денешната седница на Комисијата е донесена препорака повеќе да не се следат контактите кои ги имале позитивните лица ниту за нив да се одредува изолација.

За да стапат на сила, препораките на Комисијата за заразни болести треба да ги одобри Владата на седница.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com