6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Да не се политизира пописот, порачува Европската комисија

Најчитани вести

Европската комисија бара сите страни да се однесуваат конструктивно и да не го политизираат процесот, јавува МИА од Брисел.

Откако македонската Влада и претседателот обвинија за неоправдани притисоци по иницијативата на бугарскиот претседател Румен Радев да свика состанок на безбедносните служби за наводно непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во Македонија непосредно пред пописот, портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, за МИА изјавила дека ја охрабруваат Северна Македонија да го спроведе пописот во согласност со сите европски стандарди и регулативи.

„Северна Македонија се охрабрува да спроведе попис во согласност со европските стандарди и регулативите на ЕУ како дел од претпристапните подготовки и Евростат постојано го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи статистиките со стандардите на ЕУ. Пописот треба да остане статистичка операција, а не политичка, и ги повикуваме сите кои придонесуваат за пописот да го прават тоа на конструктивен начин“, вели Писонеро.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести