Home » ДА НЕ БЕШЕ ПАНДЕМИЈАТА И ДА НЕ БЕШЕ ПУТИН Бајден ги пронајде виновниците за инфлацијата

ДА НЕ БЕШЕ ПАНДЕМИЈАТА И ДА НЕ БЕШЕ ПУТИН Бајден ги пронајде виновниците за инфлацијата

by Журнал.мк

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и пандемијата предизвикана од ковид-19, се причините за рекордната инфлација во САД и додаде дека зголемувањето на цената нема никаква врска со политиката на неговата администрација, пренесе Фокс њуз.

„Знаеме дека американските семејства се борат со зголемените цени. За да биде јасно зошто цените сега се високи, постојат две причини. Првата е поради начинот на кој функционира глобалната економија. Пандемијата направи бројни прекини во синџирот на снабдување, а синџирот на снабдување е многу важен, бидејќи материјалот доаѓа од целиот свет“, рече Бајден.

Како втора причина тој го наведе својот руски колега.

„Втората причина, големата причина за инфлацијата е Владимир Путин. Цената на гасот над доларот дојде откако тој ги стави своите војници на границата со Украина. Таа отиде на долар и пет центи“, рече Бајден.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More