17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Даштевски во Тирана се сретна со колегата Целибаши

Најчитани вести

Делегација на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија, предводена од претседателот Александар Даштевски, а во која се и Кренар Лога, Оливер Ристовски и Бобан Стојановски, престојува во Тирана.

На средбата со претседателот на Централната изборна комисија на Република Албанија Илирјан Целибаши и неговите соработници, разменети се искуства помеѓу двете институции и конкретизација на оваа соработка во иднина.

-Имајќи предвид дека Република Северна Македонија се соочува со предизвик за електронска идентификација на гласачите, интересот на делегацијата на ДИК беше насочен кон имплементација на овој проект од страна на ЦИК на Албанија, сто во соопштението на ЦИК.

Се додава дека Целибаши ги запознал со законските регулативи поврзани со изборната технологија, процедурите и чекорите што ги следи ЦИК за спроведување на електронскиот систем за идентификација на гласачите.

Тој при тоа извршил демонстрација на електронски уред за идентификација.

Од име на ДИК, Даштевски изразил интерес за набљудување на парламентарните избори што треба да се одржат на 25 април идниот месец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести