23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Даштевски вели дека е „најнепартиски“ од сите во новиот состав на ДИК

Најчитани вести

Партиската поддршка завршува со избор на членовите на ДИК, потоа сите мора да постапуваат согласно со Уставот и со законите. Јас сум, практично, „најнепартиски“ од сите во ДИК, затоа што не сум формално член на ниту една партија.

Ова го изјави Александар Даштевски, кој на предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше избран во Собранието за претседател на новиот состав на Државната изборна комисија, во која, освен него, има уште тројца нови членови, како и тројца кои се реизбрани на функциите.

Членовите на новиот состав на ДИК претпладнево дадоа свечени изјави во Собранието, по што Даштевски најави дека в понеделник ќе се соберат на прва седница и ќе го договорат начинот на работа во наредниот период.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести