Home » Дачиќ утринава побара КФОР да ги гарантира мирот и безбедноста на Косово

Дачиќ утринава побара КФОР да ги гарантира мирот и безбедноста на Косово

by Журнал.мк

Амбасадата во Приштина соопшти дека повлекувањето на косовските срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови и има потенцијал за дополнително ескалирање на тензиите на теренот. Тие истакнаа дека побарале од двете страни да се намалат тензиите.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за РТС изјави дека маските треба да паднат и да се види дали бриселскиот договор постои или не. Ако САД и ЕУ не можат да дојдат до крај со Курти, тогаш тоа е или нивна немоќ, или нивна премолчена согласност. Тој посочи дека се поминати девет години откако Косово одбива да формира Заедница на српските општини.

„Ние ќе сториме се за да се сочува мирот. Претседателот Вучиќ ги советуваше Србите да не прават ништо со што би направиле штета на српските интереси, а тоа значи да се протестира мирно, ова е еден вид народен отпор поради избегнувањето да се формира заедницата на српски опшини и да се наметне независно Косово на целата територија односно на северот на Косово. Но, од друга страна Србија ќе биде одлучна во заштита на нашиот народ доколку дојде до загрозување на безбедноста.“-Ивица Дачиќ, Министерот за надворешни работи на Србија.

Откако Косовското собрание го ратификуваше Бриселскиот договор, а уставниот суд донесе одлука за формирање на асоцијацијата, со што нејзиното формирање е законска обврска за Косово, континуираното неспроведување на оваа обврска од страна на Косово го нарушува принципот на владејачки права, и му штети на угледот и кредибилитетот на косово“, се вели во соопштението на Американската Амбасада во Приштина, доставено до приштинските медиуми.

Во меѓу време косовскиот премиер Албин Курти изјави дека обидите на Белград да предизвика криза нема да успеат, затоа што Косово е „силна демократска држава и е на страната на САД, на НАТО и на Европската Унија“. Вчера локалните срби во Северна Митровица имаа протестен собир на, од каде беше порачано дека единствена власт која ја признаваат Косовските Срби е онаа во Белград.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More