Home » Дачиќ: Србија нема да ја усогласува надворешната политика со ЕУ за воведувањето санкции на Русија

Дачиќ: Србија нема да ја усогласува надворешната политика со ЕУ за воведувањето санкции на Русија

by Журнал.мк

Претседателот на собранието на Србија Ивица Дачиќ изјави денес дека, околу руската инвазија на Украина, од Србија се очекува „да одбере страна“, вклучувајќи и усогласување на надворешната политика со Европската Унија, но оцени дека тоа не е српскиот интерес.

Дачиќ за РТС изјави дека „обврската за усогласување на надворешната политика со политиката на ЕУ треба да биде постепена до влегувањето во ЕУ“, што, како што наведе, Србија не ја очекува во блиска иднина.

„Дали ни гарантираат дека утре ќе влеземе во ЕУ? Не, туку за 10, 15, 20 години. Па добро, и ние нашата надворешна политика ќе ја усогласиме за 10, 15, 20 години“, кажа Дачиќ.

Додаде дека ЕУ бара Србија да ѝ воведе санкции на Русија „која најмногу го штити нашиот државен и национален интерес“. „Во таа смисла се тргнува од своите интереси, а ние воопшто немаме интереси да водиме политика во согласност со интересите на западот или истокот, туку во согласност со нашиот државен интерес“, кажа тој.

Дачиќ оцени дека Србија ги уважува ставовите на ЕУ за „почитување на принципот на територијалниот интегритет“, како и дека „не е добро“ тоа што Русија го нарушила територијалниот интегритет на Украина.

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија наведе и дека предизборната кампања за изборите закажани за 3 април е со помал интензитет поради војната во Украина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk