21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Датум за преговори со нови правила на игра

Најчитани вести

Ако предлогот на Франција, за промена на методологијата за пристап во ЕУ биде усвоена, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи очекува на еден од следните Самити земјава да го добие датумот за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Своите очекувања тој ги изнесе во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат:

„Тоа што го слушнавме е дека Франција работи интензивно на подготвување на методологијата и се очекува многу бргу да ја претстави. Ако биде прифатена од сите други земји членки, затоа што некој може да не ја прифати таа методологијата, но ние работиме затоа што ја прифаќаме каква и да е, сѐ додека не е нешто помалку од полноправно членство. Патот до таму нека биде најригорозен, најусловуван, нека биде со риверзибилност…, Доколку во следните месеци биде усвоена методологијата, јас верувам дека во еден од следните самити нема веќе причина зошто да не почнеме со преговорите, но со нова методологија, што значи нови правила на игра“, рече Османи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести