21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Датумот и времето на објава на Galaxy S22 серијата објавени на официјалниот сајт

Најчитани вести

Пред два дена, Samsung објави кратко видео за да го најави претстојниот Galaxy Unpacked 2022 настан, притоа откривајќи го изгледот на Galaxy S22 Ultra што ги спојува Galaxy Note и Galaxy S серијата во еден, нов уред.

Утрово, TechInsider го забележа датумот и времето на објавување на Samsung Galaxy S22 серијата, заедно со достапноста, кога и Tab S8 серијата ќе дебитираат заедно со неа. Според извештајот, Samsung Galaxy S22 серијата ќе биде објавена на 9 февруари во 10:00 EST (16:00 CET). Што се однесува до достапноста на S22 серијата, изворот го споменува распоредот на следниов начин:

Распакување: 9. февруари 10:00 EST
Предрезервации: од 14. до 21. февруари.
Преднарачки: од 21. до 24. февруари.
Излегување: 25. февруари.

По отворањето на овој линк, ќе бидете пренасочени на Google Calendar, а името на настанот е „Подгответе се да ги прекршите правилата“. Описот на настанот гласи „Придружете ни се на виртуелниот настан Galaxy Unpacked за да го истражите нашиот најнов екосистем на Galaxy уреди дизајнирани да го зајакнат вашиот живот“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com