После само шест месеци македонскиот интернационалец, Дарко Глишиќ ја напушта Докса.
Глишиќ замина на кипар во зимскиот преоден рок и во Докса ја делеше соблекувалната со репрезентативниот голман Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.
Сега како слободен играч 29 годишниот лев бек ќе побара нов ангажман. Претходно во кариерата Глишиќ го носеше дресот на Вардар, Скопје, Напредок, Тетекс и Шкупи.
Треба да се спомене и дека Глишиќ има забележано два настапи за македонската репрезентација.