25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Дани Алвеш стигна до 40. трофеј во кариерата и до МВП признание на Копа Америка

Најчитани вести

Бразилецот Дани Алвеш ја зголеми колекцијата на трофеи во кариерата со јубилејна 40. титула по триумфот на „кариоките“ на Копа Америка. 36-годишниот десен бек покажа дека уште игра на врвно ниво и го заслужи признанието за МВП играч на натпреварувањето. Тој е најтрофејниот фудбалер во светот, прв кој успеал да освои 40 трофеи.

Ова лето тој се раздели со Пари Сен Жермен, но најави дека ќе продолжи да игра, а настапите на Копа Америка сигурно ќе му обезбедат трансфер во нов голем клуб. Тој имаше понуда да се врати во Барселона, но исто така е интересен и за неколку клубови од Премиер – лигата.

За најдобар голман на Копа Америка е избран Алисон Бекер исто така од бразилскиот национален тим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести