27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Дани Алвес преку мејл се понудил на италијански клуб кој едвај опстана во Серија А

Најчитани вести

Барселона и Чави Ернандес на крајот решија сепак да не му го продолжат договорот на Дани Алвес и неговата втора етапа во клубот изнесуваше едвај седум месеци, но на заминување, Бразилецот најави дека „лавот“ е се уште гладен и подготвен за нови искушенија.

Искусниот десен бек не планира да се пензионира и има за цел да игра на Светското првенство, но за да стигне до таму, полесно ќе му биде ако игра редовно фудбал.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Алвес се решил на еден изненадувачки потег во изминатите неколку дена, односно преку електронска пошта се понудил на еден клуб од Серија А кој едвај остана во елитата.

Дефанзивецот испратил мејл до Специја и ги понудил своите услуги по доста поволни услови, но како што јавува „Секоло“, клубот експресно ја одбил понудата и не размислува да го ангажира Алвес.

Десниот бек има 39 години и важи за играч со најмногу освоени титули во историјата, па како слободен агент ќе мора да си бара нова средина до крајот на летниот преоден рок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com