17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Даниел Митов од ГЕРБ е кандидат за премиер на Бугарија – Радев денеска ќе му го врачи мандатот

Најчитани вести

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Даниел Митов, кандидат за премиер номиниран од ГЕРБ – најголемата парламентарна група во Собранието. ГЕРБ има 75 пратеници, далеку под потребните 121 глас.

Радев вчера имаше консултации со политичките партии и парламентарни групи од 45-то Народно собрание – ГЕРБ, Има таков народ, БСП, ДПС, Демократска Бугарија и Исправи се, мафијата надвор.
На средбите не присуствуваа двајца лидери на политички партии – Бојко Борисов, премиер во оставка и Слави Трифонов од „Има таков народ“ кој е во изолација поради коронавирус. Борисов во моментот е хоспитализиран поради хируршка интервенција на коленото.

Премиерот на Бугарија во оставка, Бојко Борисов, кој синоќа направил операција на коленото, утрово од болница соопшти дека за премиер го предлага Даниел Митов, со цел, како што рече, да може да се разговара со сите, во мир и без иритација.

Според него, важно е за државата да има стабилна Влада.

Тој го претстави составот на кабинетот предложен од коалицијата ГЕРБ-УДФ.

„Го предложив Дани Митов за премиер за да може да се водат разговори со сите. Одлучив дека е мирно, работно опкружување, без иритација … Само мир и тишина. Важно е за државата да има стабилна влада“, рече Борисов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести