9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Даниел Крег за последен пат ќе го глуми Џејмс Бонд

Најчитани вести

Глумецот Даниел Крег за последен пат ќе го глуми тајниот агент Џејмс Бонд, пишуваат британските медиуми. И самиот актер неодамна откри дека улогата во филмот „Бонд 25: Не е време да се умре“, ќе биде неговата последна глума на тајниот британски агент.

Службениот трејлер за најновиот филм ќе биде објавен в среда, а филмот се очекува да се најде во кината од aприл наредната година. Негативецот во овој филм ќе биде оскаровецот Рами Малек.

Со овој филм Даниел Крег го претрка Роџер Мур на листата на глумци кои најдолго го играле Џејмс Бонд.

„Можеби на многумина ќе им биде тешко да поверуваат, но ми се допаѓа да сум Џејмс Бонд. Тоа е еден од најтешките, но истовремено и најубави предизвици и проекти во кои сум влезен. Треба да се вложи многу енергија во оваа улога, а јас станувам стар и малку ми е незгодно“, вели Крег.

Глумецот вели дека нема намреа во иднина да биде режисер на филмовите за Џејмс Бонд.

„Не сакам да бидам режисер. Кога ќе дојдам дома сакам нешто да јадам и потоа одам во кревет да спијам. Режисерите немаат време за тоа. Тие постојано се на телефон со продуцентите и сценаристите, а по два часа, мораат да се вратат на сетот. Не, фала, тоа не е за мене“, вели Крег.

Текстот Даниел Крег за последен пат ќе го глуми Џејмс Бонд е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com