10 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

Даниел Кајмакоски повторно ќе се бори за победа во ТЛЗП

Најчитани вести

Даниел Кајмакоски, победникот на шоуто „Твоето лице звучи познато“ од 2016 година, ќе се натпреварува во новата сезона на „ТЛЗП All Stars“. Овојпат во шоуто ќе се натпреваруваат некои од најдобрите поранешни учесници, меѓу кои и Ненад Пагонис, Едита Арадиновиќ, Ненад Кнежевиќ – Кнез, Ивана Петерс, Катарина Богиќевиќ, Жељко Шашиќ, Алекса Јелиќ, Драган Којиќ-Кеба.

Шоуто ќе почне да се прикажува од октомври на „Прва“ телевизија во Србија, а водителка на шоуто повторно ќе биде Марија Килибарда. Како и во претходните сезони, победниците на секоја епизода ќе добиваат парична награда која ќе ја даваат во хуманитарни цели.

Даниел, кој победи во ТЛЗП пред 3 години освоените 25 илјади евра ги донираше во хуманитарни цели за лечење на две деца од Куманово. Тој тогаш ја воодушеви публиката со имитациите на Тина Тарнер, Манс Зимерлоу, Бруно Марс, Мајкл Џексон, Рајмштајн и други.

Покрај Кајмакоски, во ТЛЗП се натпреваруваа и Елена Ристеска во првата сезона и Тијана Дапчевиќ во последната сезона. Текстот Даниел Кајмакоски повторно ќе се бори за победа во ТЛЗП е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести