Австралиската манекенка Лучијана Бејнон која е ќерка на контроверзниот тајкун, мултимилионерот Траверс Кандимен Беjнон, неодамна продефилира по модната писта во Мајами, а веста за нејзиниот заносен изглед ја пренесоа сите странски медиуми.
Атрактивна бринета, со волшебни облини, доминираше во модната ревија, облечена во минијатурен црн костим за капење, а многумина веќе велат дека таа го има најсовршеното тело во светот.
Објавата од модната писта таа го сподели на Инстаграм а коментарите се редеа „Одземаш здив“, „Колку лудо изгледаш“, „Кралица“, „Совршено“, „Совршено тело постои ”
По фотографијата таа објави и видео, каде исто така не изостанаа коментарите поврзани со тоа дека е многу привлечна, убава …