Home » Дали трендовите се менуваат? Повеќе од половина од возачите сакаат да купат електричен автомобил

Дали трендовите се менуваат? Повеќе од половина од возачите сакаат да купат електричен автомобил

by Журнал.мк

Големото истражување на EY Mobility спроведено на 13.000 возачи во 18 земји низ светот открива нов тренд. За прв пат, повеќе од половина од испитаниците (52 проценти) кои имаат намера да купат автомобил изјавиле дека имаат намера да изберат целосно електрично, plug-in хибридно или хибридно возило.

На врвот на листата се Италијанците, од кои 73 отсто се подготвени да се префрлат на електрифициран погон, а потоа следат Кинезите (69 отсто) и возачите во Јужна Кореја (63 отсто).

Спротивно на тоа, само 38 отсто од Австралијците и 29 отсто од американските возачи сакаат да се префрлат на „електрична енергија“.

Дури 88 отсто од испитаниците се подготвени да платат повеќе за електрифицирано возило.

Ренди Милер од EY вели: 

„Резултатите означуваат пресвртница на светскиот пазар на автомобили. За прв пат откако ги собираме овие податоци, повеќе од 50 отсто од потрошувачите ширум светот велат дека сакаат електрифицирано возило.

Несомнено е дека глобалното зголемување на цените на горивото игра важна улога во новиот тренд, но грижата за животната средина е исто така на врвот на листата кај клиентите.

Сега е на автомобилската индустрија да ја задоволи оваа побарувачка. Производителите треба брзо да фатат чекор“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk