23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Дали сте слушнале за витаминот Ф? Неговиот недостаток во организмот предизвикува бројни здравствени тегоби

Најчитани вести

Доколку вашата кожа постојано се перута, за тоа постои сериозна причина – ваквата појава може да биде последица на хроничен недостаток на витаминот Ф.

Витаминот Ф е важен за метаболизмот, спречува таложење на холестеролот во артериите и го зајакнува имунолошкиот систем.

Помага и во намалување на телесната маса така што ги согорува заситените масти. Кај заболените од дијабетес, овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем и спречува појава на очни болести. Ги ублажува менструалните болки, а се применува и во терапија на стерилитет кај двата пола, особено кај мажите.

Недостатокот на витамин Ф се одразува различно кај децата и возрасните. Најмладите постојано чувствуваат жед, имаат хронични инфекции, синузитис, чести кивавици, алергии на кожата, егзема или пролеми со дишните патишта, дури и астма. Кај возрасните првиот симптом е многу сува кожа, најпрвин на стапалата, потоа на нозете и на крајот по целото тело.

Исто така, недостатокот на витамин Ф може да предизвика развој на атеросклероза и артериосклероза, тромбоза, а може да доведе и до појава на замастен црн дроб, констипација или дијареа и намалување на отпорноста на организмот на вируси и бактерии.

Јадете семки

За да ги задоволите дневните потреби за овој витамин, во вашата исхрана внесете ладно цедено сончогледово масло (две и пол лажички) кое е исклучително богато со оваа важна состојка.

Истиот ефект можете да го постигнете и со консумирање на 6 лажички семки од сончоглед. Со витамин Ф се богати и сусамот, кикириките, ленот и макот. Најдобро се апсорбира во комбинација со витамин Е.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести