26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Дали сте знаеле дека луѓето би можеле да произведуваат отров како змиите?

Најчитани вести

Дали луѓето можат еден ден да станат отровни во буквална смисла на зборот? Иако е малку веројатно дека нашиот сосед наскоро ќе стане опасен како нилски коњ или змија ѕвечарка, најновото истражување покажа дека човечкото тело ги има сите предуслови за производство на токсини. Всушност, сите влекачи и цицачи ја имаат оваа способност.

Експертите откриле дека голем број на флексибилни гени, кај луѓето претежно поврзани со дигестивните (плунковни) жлезди лоцирани околу усната шуплина и фаринксот, даваат одговор на прашањето од каде потекнуваат отровните животни од оние кои ја немаат таа посебна моќ.

“Ние всушност ги имаме сите потребни елементи за производство на токсини. Сега тоа е процес на понатамошна еволуција”, рече еволутивниот генетичар Агнес Баруа од Институтот за наука и технологија во Окинава.

Многу видови на животинско царство, како пајаци или змии, можат да создадат орален отров. Биолозите веќе знаеја дека отровот во устата на овие животни го произведуваат модифицирани плунковни жлезди, но новото истражување ја откри молекуларната механика која стои зад таа модификација, пишува „Live Science“.

Флексибилно оружје

Моќта да се создаваат отрови е вистински пример за флексибилност на природата. Многу компоненти на орални токсини се заеднички за различни животни. На пример, составот на отров од гасеница се наоѓа и во отров на змија.

Научниците за време на најновата студија не беа фокусирани на самите отрови, туку на гените што ги овозможуваат. Овие регулаторни гени ја формираат основата на целиот систем за производство на токсини, но не го произведуваат директно.

Истражувачите започнаа да го анализираат геномот на тајванската змија хабу (Trimeresurus mucrosquamatus), инвазивен вид во Окинава.

„Бидејќи ја знаеме функцијата на сите гени во таа змија, треба само да анализираме кои гени се поврзани со оние кои се одговорни за создавање отров“, рече Баруа.
Тимот пронајде соѕвездие на гени што е вообичаено во повеќе телесни ткива кај сите амниони. Амниотиите се копнени ‘рбетници (цицачи, птици и влекачи) кои внатрешно ги оплодуваат своите јајца или положуваат јајца на копно. Многу од овие гени поврзани со гените за производство на токсини се вклучени во преклопувањето на протеините, рече Баруа, што има смисла бидејќи отровните животни мораат да произведат голема количина токсини што се произведуваат од протеини.

Foto: Profimedia

Истите овие типови на регулаторни гени изобилуваат во човечките жлезди, кои исто така произведуваат големи количини на протеини во плунката.

Од нетоксични до отровни животни

Со други зборови, секој цицач или рептил има генетска предиспозиција за производство на орален отров. Сепак, луѓето, заедно со глувците, веќе произведуваат клучен протеин кој се наоѓа во многу токсини. Каликреините, протеини кои метаболизираат други протеини и се излачуваат со плунка, се клучен дел од многу токсини. Тоа е затоа што тие се многу стабилни протеини кои функционираат дури и кога се изложени на мутации. На тој начин, лесно се јавуваат корисни мутации на каликреин, кои го прават отровот поболен и смртоносен (едно од ефектите на каликреинот е ненадеен пад на крвниот притисок).

„Не случајно каликреинот е најраспространета компонента во отровите низ животинското царство, бидејќи тој е многу активен ензим во каква било форма“, рече Брајан Фрај, биохемичар специјализиран за отрови од Универзитетот во Квинсленд во Австралија.

Каликреините се природна почетна точка за хипотетичко појавување на отровни луѓе.

“Луѓето треба да бидат отровни за да преживеат. Можеби во иднина ќе имаме поголемо ниво на каликреин”, се пошегувал Баруа.

Иако звучи примамливо дека еден ден ќе станеме навистина отровни, тешко дека ќе се случи тоа. Отровот кај животните се развива како метод на одбрана или како начин на фаќање плен, и засега, со помош на земјоделството, ние функционираме многу добро без таа помош.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести