9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Дали симптомите на делта се различни од другите соеви на вирусот?

Најчитани вести

Според епидемиолозите, делта сојот на вирусот, покрај тоа што е повеќе заразен, има различни симптоми од претходните соеви.

Повеќето од хоспитализираните лица од ковид-19 во САД се невакцинирани. Тие исто така имаат поголем ризик да развијат потешки симптоми како што се потешкотии при дишењето и постојана болка или притисок во градите.

Делта варијантата е двојно позаразна од претходните, поточно, заразна е како сипаници. Покрај тоа, брзо се размножува во телото, а кај заразените луѓе, големи количини на вирусот се наоѓаат во носот и грлото.

Доктор Ендрју Т. Чен, епидемиолог и лекар во болница во Масачусетс, е еден од истражувачите во студијата што се занимава со симптомите на ковид-19. За време на истражувањето, тој следеше милиони заразени луѓе во САД, Велика Британија и Шведска, кои преку апликација ги внесуваат симптомите кои ги чувствуваат по инфекцијата.

Резултатите, кои се уште не се прегледани, сугерираат дека вакцинираните се добро заштитени од делта варијантата и дека развиваат многу благи симптоми и побрзо го надминуваат коронавирусот. Д-р Чен сега истакна дека симптомите по инфекцијата со Делта се различни од досега пријавените.

„Меѓу вакцинираните возрасни, сега гледаме симптоми кои се повеќе слични на обичната настинка. Луѓето се уште пријавуваат кашлање, но се повеќе течење на носот и кивање. Тие се уште се жалат на главоболки и болки во грлото, и се помалку на треска и губење на мирис и вкус“, вели д-р Чен за Њујорк тајмс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com