-3 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Дали партиите ги кршат законите и влегуваат во кампања предвреме?

Најчитани вести

Партиите со ветувања и програми на јавните собири исто како и во кампања, но ниту една не е санкционирана за прекршување на Изборниот законик. Нема предвреме почната кампања, а ниту приговор за конкретна партија, велат за ТВ24 од ДИК. 

„Не може да има во никој случај таква работа оти се уште не се распишани избори, дури и да се распишани, нашите закони се такви дека не може да се смета за кампања се додека не се поднесат листите од ДИК“ – велат од ДИК.

Моралната дилема која се наметнува е дали во трката за глас повеќе партиите го злоупотребуваат правото на јавните собири?

И СДСМ и ВМРО секојдневно организираат средби, трибини или јавни собири иако изборите се договорени за 12 април, а не и официјално распишани, а кампањата е далеку од почеток.

Политичките аналитичари не препознаваат големи разлики во вокабуларот на партиските претставници овие денови или од моментот кога официјално влегуваат во кампања кога се брка глас повеќе.

Партиите овие средби со граѓаните за кои организираат превоз од секој град, ги сметаат за јавни собири или вообичаени партиски активности, но споредбено со дефиницијата во Изборниот законик, лесно може да се препознаат елементи на изборна кампања. 

Во март, ДИК испрати предупредување до партиите да не ги кршат законите и да не почнуваат со претседателската кампања предвреме. Изборниот законик предвидува кампањата да почне 20 дена пред одржувањето на изборите.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести