14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Дали оревите можат да го продолжат животот

Најчитани вести

Сезоната на младите ореви и нивниот неодолив вкус, потсетуваат на сите добри страни на овој јаткаст плод и на потребата често да се јаде – многу почесто од досега. Најновата студија, објавена во Circulation, главното издание на  American Heart Association, откри дека оревите можат да го намалат нивото на ЛДЛ – на лошиот  холестерол, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Дали јадењето ореви може да ви помогне да живеете подолго?

Истражувачите следеа што се случува кога стотина здрави лица на возраст од 63-79 години (68% идентификувани како жени) беа замолени да јадат околу сто грама ореви секој ден во текот на две години. Резултатите се споредени со оние кои не јадеа ореви. На крајот на студијата,  заклучено е дека луѓето што јадат ореви имаат одредено намалување на холестеролот.

Поточно, оние кои јадеа ореви имаа 4,3% помалку ЛДЛ во однос на оние кои не го правеа тоа. Овие придобивки беа поизразени кај мажите отколку кај жените, при што машките учесници имаа намалување на нивото на ЛДЛ за 7,9%, додека жените забележаа само 2,6% намалување.

Јаткастите плодови се исклучително здрава храна: освен добрите масти, оревите содржат и влакна, како и витамин Е, магнезиум и протеини, а поради нивниот исклучителен вкус можат да бидат големо задоволство на оброците и грицките./М.М.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com