23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Дали одите бавно? Променете ја навиката затоа што ризикувате сериозни здравствени проблеми!

Најчитани вести

Една нова студија, објавена од Американската асоцијација за истражување на рак, покажа дека неподвижноста или бавното одење придонесува за развој на болеста, или порана смртност.

Голема студија објавена во списанието Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention опфатила повеќе од 233 000 испитаници на возраст од 50 до 71 година. Резултатите се алармантни за луѓето кои имале рак и не се во можност да се движат или не можат да се движат. Според истражувањето, тие имаат двојно поголем ризик од смрт во споредба со оние кои одат редовно и брзо.

Ова е само уште еден доказ за неопходноста од движење, особено во контекст на рак. Иако никаде во студијата не е јасно наведено дека бавното одење е причина за смртта, докажана е врската помеѓу бавното одење и најмалку девет видови на рак.

Авторите посочуваат дека нивното знаење може да се искористи при рехабилитација на пациенти. За жал, студијата покажа дека луѓето кои имале рак и не можат да одат поради последиците имаат поголем ризик да умрат порано.

Оваа студија е уште една во низата што ја нагласува важноста на секојдневното вежбање за здравјето.

Ако сеуште се сомневате во придобивките од редовното вежбање, еве само некои од придобивките што ги носи:

  1. Поголема креативност – колку сте поактивни, толку поактивен ќе биде вашиот мозок.
  2. Подобро ниво на шеќер во крвта – само десет минути пешачење на ден им овозможува на луѓето со дијабетес тип Б да го контролираат шеќерот во крвта.
  3. Помал стрес – движењето во голема мера придонесува за менталното здравје.
  4. Слабеење – брзото одење е многу ефикасно при слабеењето, особено кај луѓето на кои им е тешко да вежбаат, пренесува Eat This.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести