15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Дали Мицотакис (ќе) го почитува Преспанскиот договор?

Најчитани вести

Откако пред неколку дена во Солун грчкиот премиер Мицотакис ја промовираше маркетиншката кампања „Macedonia the GReat“за грчките производи од регионот Македонија, премиерот Заев вели дека е уверен дека прашањето ќе се реши преку меѓународна експертиза.

Според него, самостојно истакнување на амблем не е против Преспанскиот договор, а финалното решение за производите кои го носат името Македонија очекува да биде мост на поврзување на двете држави.

Oд македонското МНР вчера порачаа дека грчкиот слоган „Macedonia the Great“ jа подрива довербата меѓу двете земји и може негативно да се одрази врз односите меѓу двете држави.

„Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави“, велат од МНР.

Ваквиот развој на настаните за политичкиот аналитичар Петар Арсовски е последица на промената на власта во Грција и не доволните средби на мешовитата комисија за трговски марки. Според него на грчката провокација во моментов не треба да се возврати со иста мера.

Претседателот на македонската страна на комисијата за трговски марки Ѓорѓи Филипов, пред неколку дена посочи дека досега не постои пријавена или регистрирана трговска марка со името „Macedonia the GReat“, и додаде дека заради тоа, таа не може да биде ЗАСЕГА предмет на разгледување, ниту на грчкиот, ниту на македонскиот дел од меѓународната група на експерти. Согласно Преспанскиот договор, двете земји формираа заедничка мешовита комисија, која има рок до 2022 година да дојде до договор за трговските марки, ознаките и комерцијалните имиња за терминот Македонија или  Македонски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести