Home » Дали мајмунските сипаници ќе бидат прогласени за глобална вонредна состојба?

Дали мајмунските сипаници ќе бидат прогласени за глобална вонредна состојба?

by Журнал.мк

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состана вчера за да разговара дали да се прогласат мајмунските сипаници за глобална криза. Тоа е втор состанок на комисијата во рок од неколку недели.

Африканските власти рекоа дека веќе ја третираат епидемијата на континентот како „вонредна состојба“.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на почетокот на состанокот на комисијата за вонредни состојби изјави дека останува загрижен за бројот на регистрирани случаи на зараза во се повеќе земји.

Мајмунските сипаници се шират со децении во делови од централна и западна Африка, каде заболените диви животни понекогаш ги инфицираат луѓето во руралните области, но епидемиите останаа релативно територијално ограничени. Во Европа, Северна Америка и други делови од светот, болеста се шири најмалку од мај меѓу геј и бисексуалните мажи. Епидемијата во богатите земји веројатно била предизвикана од сексуален контакт за време на две забави во Шпанија и Белгија.

Во моментов има над 15.000 случаи на мајмунски сипаници ширум светот. Додека Велика Британија, САД, Канада и други земји купија милиони вакцини, ниту една од нив не отиде во Африка, каде посериозна варијанта на болеста веќе уби повеќе од 70 луѓе.

Оваа недела, здравствената агенција на ОН објави дека 99 отсто од сите регистрирани случаи на мајмунски сипаници надвор од Африка се кај мажи, а 98 отсто од нив се кај мажи кои имале секс со други мажи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk