15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Дали мачките можат да почувствуваат болест кај сопственикот? Еве што велат случаите

Најчитани вести

Дали сте забележале дека мачките се секогаш мирни и тивки? Тајната е во тоа што тие се во трајно медитативна состојба.

Поради тоа што мачјиот мозок е во постојана состојба на смиреност, се верува дека ова животно може да „надушка“ некаква болест кај сопственикот.

Нашето тело постојано се менува. Дишеме, крвта нѝ проаѓа низ вените, а во телото постојано се произведуваат хормони. Ако се наруши нормалната функција на работата на телото, се ослободува супстанца која мачките веднаш ја регистрираат. Поради тоа се верува дека тие можат да почувствуваат присуство на болест кај нивниот сопственик.

Сега веројатно сопствениците на мачка ќе кажат дека тоа е невозможно бидејќи тие не реагираат ниту кога ќе ги викнете, а камоли било што друго. Но, мора да знаете дека мачките не се како кучињата – тие го прават она што го сакаат.

Ако имате грип или настинка, мачката постојано ќе биде во ваша близина. Веројатно сметате дека со тоа вашиот миленик ви изјавува љубов, но мачката едноставно само ја користи вашата топлина.

Постојат луѓе кои тврдат дека мачките им помогнале да откријат рак. Моментално не постојат истражувања кои би го потврдиле тоа, но еден човек од Канада тврдел дека неговата мачка му помогнала да открие рак на бели дробови бидејќи со денови барала да лежи на неговите гради.

Една жена од Тенеси одлучила да оди на преглед бидејќи нејзината мачка постојано спиела на нејзините гради. Подоцна било утврдено дека боледува од рак на дојка.

Без оглед дали верувате во ваквите приказни или не, факт е дека мачките се многу интелигентни суштества и никој не може да го оспори тоа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести