10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Дали коронавирусот го разединува општеството?

Најчитани вести

Политиката во Германија сака да спречи четврти бран на коронавирус и да поттикне спремност за вакцинирање. Но што потоа? Вакцинираните и невакцинираните можат да тргнат по одделни патишта, смета Кај Александер Шолц.

Најважната порака од средбата на канцеларката Ангела Меркел со покраинските премиери гласи: Драги вакцинални скептичари, размислете уште еднаш дали сепак ќе се вакцинирате! Ние и натаму не сакаме да воведуваме задолжително вакцинирање. Но, ако и натаму толку многу граѓани одбиваат вакцинација, тоа ќе биде на нивна штета. Зашто, не е во ред на мнозинството вакцинирани постојано да им се оневозможува водење колку-толку нормален живот.

Психолозите сметаат дека кај дел од населението и ваквите апели ќе бидат бесполезни. Во моментов во Германија се целосно вакцинирани нешто повеќе од половината од граѓаните. Но, потребно е да да се вакцинираат барем уште 15 до 20 проценти, смета канцеларката. Дали е тоа достижно, останува отворено прашање.

И што потоа?

Пред една година во една антиутопија скицирав како би можел да изгледа животот во Берлин во 2023 година при трајна пандемија. Текстот остана необјавен, зашто ми изгледаше премногу мрачен. Во него опишав и сцена на една железничка станица со сепарирани површини за вакцинираните и невакцинираните, одделени со плексиглас и со раздвоени влезови. Можеби идејата сепак не беше толку погрешна.

Се заканува ли расцеп во општеството?

Крајно, ниту вакцината не штити стопроцентно, секогаш останува извесен ризик. Меѓутоа, дали индивидуалната проценка на ризикот некогаш ќе доведе до сѐ погласно барање на право на сопствен безбеден простор? Ќе се намали ли подготвеноста да се седне во воз или ресторан заедно со невакцинираните? Дали на невакцинираните тогаш ќе им остане единствено можноста да бидат канети само на роденденски забави?

Ваквата поделба може дополнително да се засили преку долготрајна пандемија и појава на нови мутации, односно зголемено чувство за ризик и загрозеност.

Дали тогаш ќе се појават посебни кафулиња за невакцинирани? Живот на сопствен ризик? Сега донесената одлука – невакцинираните од 11. октомври сами да си ги плаќаат тестовите, зашто не е праведно останатите да учествуваат во плаќањето, може да биде почеток на ваков развој.

Ексклузивни права за вакцинираните и оздравените?

Баварскиот покраински премиер Маркус Зедер изјави дека очекува водење дискусија околу „2Г“ (кратенка од првите букви на германските зборови за вакцинирани и оздравени: Geimpfte и Genesene, н.з.), односно околу ексклузивни права за вакцинираните и оздравените. Тоа е далекусежна мисла, иако предизвикува морници. Идната влада, по парламентарните избори на 26. септември, ќе мора брзо да поразмисли и околу она што би можело да се нарече „општествен долготраен Ковид“.

Совет составен од експерти: филозофи, социолози, стручњаци за уставно право, економисти, уметници и политичари би можел да биде адекватно тело за ваква задача. Овој совет веројатно би бил добро надополнување на сегашните тела кои носат одлуки, а во кои се претставници од сојузната влада и покраините. Зашто, пандемијата, за жал, уште не е завршена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com