33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Дали знаете на која рака се носи венчалниот прстен, а на која вереничкиот?

Најчитани вести

Сега ако прашате некого на која рака се носи бурма, само оние што ја носат веројатно би го знаеле вистинскиот одговор.

А можеби сте забележале дека го носат на лева рака и некаде на десна. Па што е правилно?

Одговорите се: и едното и другото, сè зависи од традицијата што настанала пред 4.800 години во Египет. Кругот ја симболизира вечноста, без почеток и крај. Кога се дава прстен, тоа означува бесмртна љубов.

Античките Римјани и Египќани верувале дека четвртиот прст на десната рака има нерв или вена што директно го поврзува со срцето. Римјаните дури имале и посебно име: „вена на љубовта“.

Прстенот на тој четврти прст означувал дека лицата се поврзани и дека нивните срца се зафатени.

За жал, анатомијата го поби ова верување: сите прсти имаат вена поврзана со срцето, што го разби симболичкото верување.

Но, постои и друго објаснување кое не е толку романтично. Римјаните први носеле венчален прстен на десната рака. Тие веруваа дека левата рака е несреќна и „несигурна“.

Долги години, во Индија било вообичаено да се носат прстени само на десната рака, бидејќи левата рака се сметала за „нечиста“. Во денешно време, дозволено е да се носат венчални прстени на која било рака.

Во Германија и Холандија, паровите носат веренички прстени на левата рака и венчални прстени на десната страна. Ова значи дека тие го смениле својот статус и го легализирале својот однос пред Бога и светот.

Шведските невести можат да носат уникатни комплети кои се состојат од веренички прстен, бурма и прстен од мајка си.

Според еврејската традиција, свршеникот става прстен на показалецот на десната рака на неговата свршеница. По бракот, жените обично го носат на четвртиот прст со иста рака.

Обичајот да се носи веренички прстен историски го практикувале и мажи и жени, иако на крајот ја изгубил популарноста кај мажите.

Земји каде што се носат венчалните прстени на десната рака се: Србија, Норвешка, Данска, Австрија, Полска, Бугарија, Русија, Португалија, Шпанија и Белгија (на некои територии), Грузија, Украина, Грција, Латвија, Унгарија, Колумбија, Куба , Перу, Венецуела.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести