21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Дали знаете како настанал корнетот? Една случајност била сѐ што е потребно!

Најчитани вести

Корнетот за сладолед е измислен уште во 1904 година на саем во американскиот град Сент Луис, благодарение на брзото и итро размислување на човекот по име Ернест Хамви.

Во тој дел на Америка, летото е многу топло, па повеќето луѓе на саемот купувале токму сладолед. Сепак, во еден момент, продавачот останал без садови, па Ернест, кој продавал сириски вафли до него, пронашол фантастично решение.

Имено, тој направил форма на своите вафли во кои можел да стои сладоледот, а и се јадел самиот сад, па до ден денес се служи сладолед на истиот начин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести