3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Дали Заев ќе замине ако не победи Шилегов? – „Со оставката на Заев ќе падне Владата“

Најчитани вести

Доколку премиерот Зоран Заев даде оставка паѓа цела Влада вели професорот по уставно право Трендафил Иванов. Според Уставот тоа не зависи само од сакањето на премиерот туку може 20 пратеника да побараат промена на Владата. Ако се побара доверба на владата во рок од 3 дена Собранието треба да се произнесе и со тоа така паѓа владата.

„Ако претседателот на Владата поднесе оставка тоа значи паѓа целата влада. Ако претседателот предложи разрешување на повеќе од една третина на Владата исто така паѓа Владата. Со тој чин паѓање на владата автоматски има услов каде што постојната влада продолжува, собранието продолжува да ја врши функцијата до изборот на новата Влада. Тука има и други прашање тоа не зависи само од сакањето на премиерот туку може 20 пратеника да побараат промена на владата. Ако се побара доверба на владата во рок од 3 дена собранието треба да се произнесе но исто така паѓа владата“, истакна Трендафил Иванов.

Дали Заев ќе се повлече доколку по вториот круг на локалните избори не го добие Град Скопје, а и поголем дел од општините. На ова прашање во вчерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев не одговори конкретно, но вели дека доколку тоа се случи, политиките на власта тешко ќе се исполнат.

„Така што 31-ви е all in. Се носи одлуката и треба да си знаат. Ова не е ниту закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му, од партијата дека е таму и таму. Важно е само народот и државата. Сето друго и менливо и минливо.Народот кажува. Кој правец го посакуваме со сите предности и слабости или го посекуваме тој правец со сите предности и слабости. Народот мора да одлучи“, посочи Зоран Заев.

Но доколку опозицијата поднесе до Собранието барање за распуштање на парламентот и за нови предвремени парламентарни избори можно е мнозинството во Собранието да не изгласа распуштање на Собранието и со самото тоа да нема избори. Во таков случај претседателот на државата го дава мандатот на СДСМ, од каде што ќе биде назначен новиот мандатар за состав на Влада, односно новиот премиер. Опозициските партии и ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива најавуваат креирање на ново мнозинство во парламентот и предвремени парламентарни избори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com