30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Дали Заев сака брзи избори со скратена пржинска влада?

Најчитани вести

Премиерот Заев вчера рече дека ќе го почитува тоа што е договорено но не кажа колку би траела техничката влада во која тој нема да учествува

Откако вчера премиерот ја фрли ракавицата и побара предвремени параламентарни почнаа партиските калкулации за вистинските намери на Заев по дебаклот за добивање на датум за преговори.

Според поголем дел од партиите, понудата на Заев е неискрена и фрла замка околу она што мора да им претходи на изборите, а тоа е техничката, односно т.н Пржинска влада.

Законот за влада е јасен дека сто дена пред изборите треба да се фомира техничката влада, актуелниот премиер си заминува, а во владата влегуваат министри за внатрешни работи и труд и социјала и неколку заменици од опозицијата.

Но, ова важи само доколку се работи за редовни избори, додека за предвремени избори би важеле скратени рокови од 45 до 60 денови.

Дали можеби затоа Заев предлага и намалување на времето за функционирање на владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ се јасни дека тоа што важело за Заев во 2016 година ќе важи и за другите .Тоа значи сто дена технички премиер и Министер за внатрешни и труд и социјала .

Доколку на 28 ми октомври теоретски се избере техничка влада со технички премиер и министри од опозицијата, тогаш  8  февруари 2020 е првиот термин за предвремени избори со законските сто дена техничка влада.

Премиерот Заев вчера рече дека ќе го почитува тоа што е договорено но не кажа колку би траела техничката влада во која тој нема да учествува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести