37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

ДАЛИ Е МОЖНО? Бен Афлек сака повторно да ја освои Џенифер Лопез

Најчитани вести

Актерот ја пофали својата поранешна свршеница пред години како изгледа одлично за својата возраст, но не направи сериозни чекори бидејќи во тој момент цветаше љубовта помеѓу Џенифер и Алекс

Пред неколку дена излегоа вести дека еден од најпознатите парови решил да стави крај на нивната четиригодишна љубовна врска. Секако станува збор за Џенифер Лопез и Алекс Родригез, кои официјално се огласија во четвртокот и ги потврдија шпекулациите за раскинувањето.

„Сфативме дека сме подобри пријатели и се радуваме што и понатаму ќе останеме така. Ќе продолжиме да соработуваме и да се поддржуваме еден со друг во заедничките работи и проекти“, стои во заедничкото соопштение на 51-годишната латино дива, која е шест години помлада од спортистот. Но, странските медиуми сега пишуваат дека холивудскиот актер Бен Афлек повторно ѝфрлил око на една од најубавите жени во Светот.

Бројни обожаватели се сеќаваат на периодот кога Бен и Џенифер секојдневно исполнуваа колумни во весници со љубовната врска. Иако нивните пријатели и обожаватели предвидуваа светла иднина, актерската двојка ја изненади јавноста кога само четири дена пред венчавката откри дека на крајот на краиштата нема да го кажат „судбоносното да“.

Во 2003 година, парот одлучи да ја прекине својата љубовна врска. Причина? Тогаш не му се допаѓаше толку медиумското внимание на Бен, но изгледа се предомисли. Актерот со години ја фали својата поранешна свршеница дека изгледа одлично за своја возраст, но тој не направил некои сериозни чекори затоа што во тоа време цветаше љубовната врска помеѓу Џенифер и Алекс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести