7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Дали е загрижувачки што одите почесто во тоалет кога е ладно?

Најчитани вести

Честопати ви се случува при подолго пешачење кога надвор е ладно да ви се оди во тоалет, почесто отколку во потоплите денови? Не сте единствени и нека не ве загрижува тоа, затоа што причината е токму ладното време.Кога ова се случува, често помислуваме дека сме настинати. Но, вистинската причина е во природниот одговор на нашето тело кога температурите надвор се ниски.

Самиот процес на исфрлање течности од телото преку мокрење предизвикано поради ладното време се вика студена диуреза, велат лекарите.

Студената диуреза може да се појави кога телесната температура ќе се намали. Биолошкиот одговор на студот е да пренасочи повеќе крв кон вашите витални органи за да ги загрее, а бубрезите ослободуваат повеќе течности за да го стабилизираат притисокот кој притоа се покачува.И токму тој процес го зголемува производството на урина, поради што почесто уринирате во зима, објаснуваат лекарите.

Главниот начин да ја спречите ладната диуреза е добро да се облечете и да избегнувате да престојувате на ладно подолго време.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com