17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Дали е безбедно децата да одат во училиште во понеделник веднаш после гласањето?

Најчитани вести

Македонија се подготвува за новите локални избори кои ќе се одржат во недела во училиштата, градинките и месните заедници низ нашата држава.

Сепак, кај поголем дел од родителите постои извесна доза на згриженост, поради тоа што учениците веднаш во понеделник ќе бидат во училниците, а најавена е дезинфекција на просториите пред и по завршувањето на изборите.

„Ги задолживме сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање. Дали има простор за загриженост од евентуално несакано ширење на вирусот не би можел да кажам“, ни истакна првиот човек на ДИК, Александар Даштевски.

Микробиологот Никола Пановски за „Фокус“ даде свое стручно образложение зошто не треба да има страв кај населението поради евентуално ширење на корона вирусот.

„Просториите ќе бидат безбедни. Вирусот не може да опстои долго во воздухот и на предметите во концентрација за да предизвика инфекција. Не треба граѓаните да се загрижени“, рече Пановски.

Гласањето завршува во 19 часот в недела, но, училниците се користат уште неколку часови подоцна заради броење на гласовите по што ќе следува краток период за проветрување и за дезинфекција на просториите.

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев ни соопшти дека ќе се изврши целосна и навремена дезинфекција на просториите и децата ќе влезат во дезинфицирани простории во понеделник.

„Во 10 училишта во Карпош кои ќе се користат за гласањето, ќе има посебно задолжени лица за дезинфекција на просториите каде ќе се гласа. Ќе се дезинфицираат просториите во недела пред да почне гласањето и во понеделник пред да дојдат учениците во школите. Нема да има никаков застој на наставата и ќе има време да се исчистат просториите“, истакна Богоев.

Според МОН, не постои никаква причина за понеделник да биде слободен ден за учениците, нешто што е побарано во Косово.

„За дезинфекција на просториите каде што ќе се гласа, надлежни се општините кои имаат договор со ДИК за такво нешто. Нема никаква причина за понеделник да биде слободен ден за учениците“, ни соопштија од МОН.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com