37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Далиќ по историскиот пораз од Словенија: Не заслуживме повеќе

Најчитани вести

Светскиот вицешампион Хрватска, вчера со минимален пораз од Словенија ги започна квалификациите за СП 2022. Ова е прв пораз во историјата на Коцкастите во меѓусебните дуели против нивниот северен сосед, кој во Љубљана им го нанесе Ловриќ со единствениот гол на средбата.

Според селекторот Златко Далиќ, Хрватите не заслужија ништо повеќе од поразот со оглед на тоа дека не одиграа на потребното ниво.

„Нема многу што да се каже. Одигравме навистина лош натпревар и не заслуживме ништо повеќе. Освен што добро почнавме во првите петнаесетина минути, не направивме ништо друго. Не бевме конкретни, не најдовме начин да го пробиеме бедемот на Словенија, која патем сосема заслужено ги освои бодовите. Честитки до нив за победата“, истакна Далиќ.

Хрватска во сабота ќе оди на поправен против Кипар, додека на 30 март им е закажан дуелот против селекцијата на Малта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести