-5.2 C
Skopje
Wednesday, February 8, 2023

Далиќ: Лука знаеше што зборуваа и пишуваа против нас

Најчитани вести

Хрватска го одигра најдобриот меч кога беше најпотребно, стигнувајќи до 3:1 победа над Шкотска за освојување на второто место во својата група и пласман во осминафиналето, откако беа предводени од вечниот Лука Модриќ, кој постигна еден фантастичен гол и запиша една асистенција.

Селекторот Златко Далиќ, кој беше на ударот на критиките на хрватската јавност по мечевите со Англија и Чешка призна дека имало голем притисок, но дека тие ќе останат „џентлмени“ во враќањето на навредите.

„Овие десет дена беше лудило и тоа не можам да го сфатам. Не знам која цел е ова остварена. Десетти пат, единаесетти пат? Нема да влегувам во дискусија, ќе го зачувам достоинството, гордоста и ќе бидам фер. Лука знаеше што се случува и што се пишуваше и зборуваше против мене. Затоа беше среќен. Ние ќе останеме господа, одиме понатаму“, вели Далиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести