15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Дака: Одлуката на Вјоса Османи за мое разрешување е неуставна и смешна

Најчитани вести

Досегашната претседателка на Централната Изборна комисија на Косово (ЦИК), Ваљдете Дака ја оцени како „неуставна“ и „смешна“ вчерашната одлука за нејзино разрешување од функцијата од страна на претседателката на државата, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Дака на денешната прес-конференција најави дека ќе ги разгледа сите законски можности за оспорување на таа одлука.

– Веднаш ќе кажам дека оваа одлука е неуставна и не е заснована на закон. Го кажувам ова поаѓајќи од фактите дека образложението дадено за моето разрешување е незаконско, контрадикторно, но и смешно. Јас ќе ги разгледам сите можности за по законски пат да ја добијам мојата правда, која е прегазена со една политичка одлука и спротивно на Уставот на Република Косово и Законот за општи избори, изјави Дака.

Таа тврди дека процесот на нејзино разрешување започнал со заканите од тогашната вршителкна на должноста претседател на државата, Османи, во јануари годинава, во времето кога ЦИК донесе одлука да не се дозволи учеството на избори на лица кои се правосилно осудени за кривично дело во последните три години.

Меѓу лицата кои беа спречени да се кандидираат е и актуелниот премиер Албин Курти и други видни личности од неговата партија, Движењето самоопределување. Османи, која на тие избори беше носителка на листата на кандидати за пратеници токму на таа сега владејачка партија, тогаш јавно се закани дека ќе ја разреши Дака и други членови на ЦИК.

Досегашната челничка на ЦИК изјави дека е очигледно оти разрешувањето е нарачано и однапред подготвено и потврди дека Османи вчера, пред да ја објави одлуката, побарала од неа оставка, а за возврат ѝ понудила признание.

– Јасно е дека одлуката е однапред подготвена, што се гледа од фактот дека по само неколку минути е именуван нов претседател на ЦИК (Крешник Радониќи). На објавувањето на одлуката ѝ претходеше средба на која бев повикана од претседателката на Косово. На таа средба, таа побара од мене доброволно да понудам оставка и за возврат да добијам јавно признание за досегашната работа како претседателка на ЦИК, а ми вети и продолжување на соработката во иднина, изјави Дака.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести