8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Даеи почестен што хуманистот и шампионот Роналдо го стигна неговиот рекорд

Најчитани вести

Поранешниот ирански репрезентативец, Али Даеи преку социјалните мрежи му честиташе на Кристијано Роналдо за израмнувањето на неговиот рекорд од 109 репрезентативни голови.

Роналдо постигна два гола од пенал при 2:2 ремито со Франција вчера, за пласман во осминафиналето на ЕУРО 2020 и првата честитка пристигна од Даеи.

„Честитки до Кристијано Роналдо, кој сега е на еден гол од рушењето на рекордот по бројот на репрезентативни голови. Почестен сум што ова неверојатно остварување ќе биде кај Роналдо, голем фудбалски шампион и грижлив хуманист кој ги инспирира луѓето низ целиот свет. Вамос!“, напиша Даеи на Инстаграм.

На Роналдо му беа потребни 178 настапи да стигне до бројката од 109 гола, додека Даеи стигна до ова остварување со 145 настапи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести