По допрен глас, а видео снимката е допрен глас, Обвинтелството мора да реагира и обвинителката Јанева, која се споменува во снимката, да ја повика да даде изјава, вели за весникот ВЕЧЕР, адвокатот Звонко Давидовиќ откако денеска италијански медиум објави прилог со видео и со аудио снимка каде се споменува шефицата на СЈО во контекст на изнудувањето пари од бизнисменот Орце Камчев во замена зџа негова слобода,
Давидовиќ потстеува дека дека ова не е прв допрен глас за случајот „Рекет“.
„Оваа снимка е врвот, бидејќи пред неа имало многу изјави и докази врз основа на кои до сега требало да бидат преземени одредени дејствија“, вели адвокатот.
„Таа е под сомневање, а нејзини овластувања не се ограничени. Да не заборавиме, Катица Јанева се уште е специјална јавна обвинителка што значи со работно место во СЈО“, вели Давидовиќ.