Челниците на седумте индустриски најразвиени земји во светот од групата Г7 повикаа во саботата на развој и прифаќање меѓународни технички стандарди за сигурна вештачка интелигенција во периодот кога законодавствата на најбогатите земји од ткн колективен Запад во светот се фокусираат на новата технологија.
Челниците кои разговараат на самитот во јапонска Хиришима признаа дека пристапите за постигнување на „заедничката визија и целта за сигурна и безбедна вештачка интелигенција можеби се разликуваат“, но во соопштението наведуваат дека „управувањето со дигиталната економија мора и натаму да биде во согласност со нашите заеднички демократски вредности“.
Договорот е постигнат откако Европската унија, којашто исто така е застапена на состанокот на врвот на Г7, претходно во мај се приближи до усвојување на законот со кој би се регулирала вештачка интелигенција, што би претставувало прв сеопфатен закон за оваа технологија.
„Сакаме системите на вештачката интелигенција да бидат очни, сигурни и недискриминаторни, независно од нивното потекло“, изјави во петокот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Хирошима.
Лидерите на земјите од Г7 ја споменуваат и генеративната вештачка интелигенција, којашто ја популаризираше апликацијата ChatGPT, наведувајќи дека „веднаш треба да бидат разгледани можностите и предизвиците на генеративната вештачка интелигенција“.
Шефовите на владите на седумте земји – САД, Велика Британија, Германија, Италија, Јапонија, Канада и Франција – се согласија за создавање форум наречен „Процес на вештачката интелигенција Хирошима“ на кој ќе се дискутираат прашањата во врска со алатките за генеративната вештачка интелигенција, како што се правата за интелектуална сопственост и дезинформациите, до крајот на 2023 година.
Самитот се одржува по состанокот на министрите за дигиталните прашања на членките на групата, порачаа дека би требало да биде усвоена регулација за вештачката интелигенција „врз основа на ризиците“.