13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Гутереш: Светот не може да дозволи судир во Персиски Залив

Најчитани вести

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека светот не може да дозволи судир додека се зголемуваат тензиите помеѓу Иран и САД.

Тој на маргините на Самитот на Г-20 во Осака наведе дека е „клучно е да деескалира ситуацијата“ и да се избегне судир.

Неговата изјава е во момент кога Иран се заканува дека ќе го надмине дозволеното количество на резерви на ураниум, што би претставувало кршење на мултилатералниот договор од 2015 година за ограничување на иранските нуклеарни активности.

САД воведоа дополнителни санкции против Иран, испратија носач на авиони во Персиски Залив и распоредија дополнителен број на војници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com