10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Гутереш побара пари за вакцинирање на 40 проценти од светската популација до крајот на годината

Најчитани вести

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш побара осум милијарди долари со цел до крајот на годината да се вакцинираат 40 проценти од населението во сите земји.

Во исто време, Обединетите нации започнаа план со цел да се вакцинираат 70 проценти од светската популација до средината на 2022 година.

На прес-конференција со генералниот директор на СЗО Тедрос Адхан Гебрејесус, Гутереш привлече посебно внимание на фактот дека нееднаквоста во распределбата на вакцините предизвикува појава на нови варијанти на коронавирусот, смрт на милиони луѓе и загуба на милијарди долари во светските економии.

„Правилната распределба е неопходна за успехот на овој план“, им рече Гутереш на новинарите, пренесуваат светските гласила.

„Без координиран, фер пристап, намалувањето на бројот на случаи во која било земја нема да биде одржливо со текот на времето. Во корист на сите, мора итно да ги доведеме сите земји на високо ниво на вакцинација“, рече тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com