4.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Густата магла предизвика проблеми во воздушниот и патниот сообраќај

Најчитани вести

Поради магла, одложени се попладневните летови од скопскиот аеродром. Откажани се летовите за Загреб, Атина, Париз, Барселона, за Цирих и за Истанбул. Летовите од Загреб, Атина, Цирих и Истанбул за Скопје, исто така се откажани, додека летот од Нинберг е пренасочен на аеродромот во Приштина. Наместо во Скопје, на аеродромот во Софија ќе слетаат авионите од Базел и Хановер. И утрово, поради магла на скопскиот аеродром беа откажани повеќе полетувања и слетувања.

Поради појава на магла видливоста во сообраќајот на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Скопје, Скопје – Катланово – Велес, Велес – Катланово – Скопје и Тетово – Гостивар е намалена на 50 до 100 метри, Тетово – село Гајре до 30 метри, Неготино – Демир Капија од 150 до 200 метри, Кичево – Охрид и Кичево – Македонски Брод од 100 до 150 метри и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато.

Како што соопшти ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com