14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Густаво Петро положи заклетва, Колумбија го доби првиот левичарски претседател

Најчитани вести

Првиот левичарски претседател на Колумбија, Густаво Петро синоќа положи заклетва на функцијата, ветувајќи дека ќе се бори против социјалната нееднаквост.

Поранешниот член на герилската група „М-19“ триумфираше на претседателските избори во јуни, победувајќи ги конзервативните партии кои понудија умерени промени, но не успеаја да ги убедат гласачите загрижени од растечката сиромаштија и насилството против лидерите за човекови права и еколошките групи во руралните области.

Петро вети дека ќе се бори против социјалните и економските нееднаквости преку зајакнување на програмите за борба против сиромаштијата и зголемување на инвестициите во руралните области.

Тој ја опиша како „огромен неуспех“ американската политика против трговијата со дрога, но оти е подготвен да соработува со на рамноправно ниво.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com