21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Гугл ќе инвестира над седум милијарди долари во САД, ќе креира 10.000 работни места

Најчитани вести

Повеќе од седум милијарди долари ќе потроши Гугл за купување недвижнини низ САД во 2021 година, со цел да ја прошири мрежата филијали и центри за податоци во 19 сојузни американски држави.

Во соопштението на Гугл се вели дека од вкупната сума, една милијарда долари ќе бидат насочени само кон проширување во Калифорнија и дека целиот план ќе овозможи создавање на најмалку 10.000 работни места со полно работно време.

Матичната компанија на Гугл, Алфабет, минатата година паузираше со трошоците за недвижнини поради пандемијата и првиот годишен пад на приходите на компанијата во вториот квартал на 2020 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести