Home » Гувернерот Кириленко повика 350.000 цивили од Доњецк да се евакуираат

Гувернерот Кириленко повика 350.000 цивили од Доњецк да се евакуираат

by Журнал.мк

Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко повика 350.000 цивили да се евакуираат од источниот украински регион поради претстојните руски офанзиви.

Повикот следува еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседниот регион, Луганск.

Се верува дека токму Доњецк е следната цел на Русите.

Извлекувањето на 350.000 цивили е „нужно за да се спасат животи“, смета Кириленко, како и да се „овозможи украинската војска полесно да ги брани градовите од руските офанзиви“.

– Судбината на целата земја ќе биде одлучена во Доњецк. Кога од регионот ќе се евакуираат цивили, војската ќе може да се сконцентрира на непријателот, истакна Кириленко.

Руските сили жестоко го бомбардираа Словјанск, град во Доњецк што се смета за клучна цел на руските сили, заедно со Краматорск.

Градоначалникот на Словјанск, Вадим Лика преку Фејсбук ги повика жителите на евакуација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More