7 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Гуаидо најави обновување на дијалогот со владата на Мадуро

Најчитани вести

Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо соопшти дека ќе се обнови дијалогот со владата на претседателот Николас Мадуро.

Дијалогот се враќа на преговарачката маса во Барбадос, со посредничка улога на Норвешка, но не се прецизира кога.

Средбата на карипскиот остров со „претставници на узурпаторскиот режим” треба да послужи за „почнување преговори за завршување на диктатурата”, наведе Гуаидо во соопштението.

Норвешката влада преку соопштение, исто така, потврди дека средбата ќе се одржи неделава. Претходно, во мај, во Осло се одржаа два круга преговори меѓу опозицијата и власта, без да дадат некој видлив резултат.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести