14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Грчкото МНР го следи случајот со киднапираниот грчки морнар во Того

Најчитани вести

Министерството за надворешни работи на Грција внимателно ги следи случувањата со киднапирањето на грчкиот морнар во Того и ќе продолжи да ги следи, за да ги олесни акциите што ќе доведат до негово што е можно поскоро безбедно враќање, се наведува во соопштението на МНР.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за инцидентот веднаш била известена Амбасадата на Грција во Абуџа, што е надлежна за Того, која ги известила властите на Того, а биле известени и амбасади во Тбилиси и Манила, со оглед на тоа дека останатите тројца киднапирани се државјани на Грузија и Филипини.

Паралелно, Единицата за управување со кризи во од грчкото МНР е во постојана комуникација со компанијата сопственик на бродот, како и со семејството на киднапираниот.

Според грчките медиуми, сѐ уште е непознато дали киднаперите стапиле во контакт со компанијата за евентуално барање откуп за ослободување на четворицата морнари.
Таткото на 20-годишниот киднапиран Грк за медиумите изјави дека од бродската компанија ги известиле дека прават сѐ што можат, но никој од киднаперите не стапил во контакт.

На 4 ноември, беше извршен вооружен напад врз танкерот под грчко знаме „Елка Аристотелис” што бил закотвен во главниот град на Того, Ломе и биле киднапирани четири од 24 членови на екипажот. Еден е грчки државјанин, двајца се од Филипини и еден од Грузија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести