23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Грчки хуманитарци спасувале мигранти, сега им се закануваат и до 25 години затвор

Најчитани вести

Десетици хуманитарни активисти вклучени во спасувањето мигранти и бегалци, вклучително и еден сириски бегалец, денеска се појавиле пред грчкиот суд под обвинение за шпионажа и откривање државни тајни.

Критичарите тоа го нарекуваат „фарса“ и „политички мотивиран“ процес.

Дваесет и четворица соработници на организацијата за спасување бегалци Emergency Response International (ERCI), која што работела на Лезбос од 2016 до 2018 година, се соочуваат со затворска казна до осум години.

Тие се обвинети и за трговија со луѓе, припадност во криминална група и перење пари, за што може да добијат затворска казна до 25 години.

Директорот на Амнести интернешнал за Европа, Нилс Муижниекс, рече дека наводите се фарса.

„Овој случај докажува колку далеку се подготвени да одат грчките власти за да ги одвратат луѓето да им помагаат на бегалците и мигрантите“, рече тој.

Хјуман рајтс воч го оцениле судењето како „политички мотивирано“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com