23.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Грчки свештеник уапсен откако фрлил киселина врз седум владици

Најчитани вести

Свештеник (36) од Атина е уапсен откако фрлил киселина врз седум владици, пренесува Би-Би-Си. Нападот во грчката православна црква се случил во средата попладне, за време на расправа околу дисциплината на свештеникот.

Тројца владици се моментално во болница лекувајќи ги изгорениците, во главно на нивните лица.
Полицаецот кој истрчал да им помогне на повредените, исто така бил пренесен во болница, откако бил во контакт со киселината.

Осомничениот свештеник, кој сега се соочува со протерување од црквата, во минатото се вели дека учествувал во трговија со дрога, пренесува агенцијата АНА.

Владиците имале состанок на кој зборувале околу неговото протерување, односно одземајќи му ја неговата титула во црквата, откако наводно во Јуни 2018 бил фатен со 1.8 грама кокаин.

Свештеникот купил големо шише полно со корозивна течност, која ја фрлил врз владиците за време на состанокот.

Обезбедувањето од црквата успеал да го фати напаѓачот, по што и тој се здобил со изгореници.
Министерот за здравство на Грција, Василис Кикилиас соопшти дека еден од повредените поради тешки повреди на лицето, ќе мора да прави пластична операција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести